Ракометарите на Загреб му се реваншираа на тимот на Магдебург за поразот на 20. октомври, и така дојдоа до втората победа во групната фаза во Лигата на шампионите, задржувајќи ги шансите за пласман во следната фаза реални.
Хрватскиот тим на крајот славеше триумф со 22-18. Ова беше дијаметрално спротивна партија на онаа во Германија, на која германскиот тим славеше со 36-24. Се чини дека натпреварот во голема мера беше решен во првиот дел, кога Загреб на полувреме замина со предност од 11-7, и таа разлика успеа да ја одржи до самиот крај. Кларица со седум гола беше најефикасен кај домашниот тим.
Во истата група, Алборг дојде до четвртиот триумф во ЛШ, откако го совлада тимот на Колштад со 30-28. Алборг дојде до триумф, благодарение на одличната игра во вториот дел, откако во првиот замина со негатива од еден гол. Сепак, како одминуваше времето Алборг ја стигна разликата, направи пресврт и на крајот дојде до победата. Јул со седум голови беше најефикасен кај домашните, додека Сагосен и Алберг кај гостите постигнаа по шест.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА