Загреб не го менува тренерот за новата сезона

Поранешниот хрватски селектор Славко Голужа ќе остане на функцијата шеф на стручниот штаб на РК Загреб, откако денеска беа договорени сите детали околу продолжувањето на соработката.

Тој дојде во Загреб во текот на ланската сезона, па откако успеа да ја одбрани титулата на домашната сцена доби нов договор од управата.

„Среќен сум што постигнавме договор на обострано задоволство и што ќе имам можност да ја водам оваа одлична екипа. Летово ни пристигнуваат пет одлични играчи кои ќе треба да се вклопат во постоечкиот костур на екипата и да бидеме уште посилни од минатата сезона. Што се однесува до амбициите, тие се добро познати, два домашни трофеи и што подобар пласман во Лигата на Шампионите“, изјави Голужа.

Хрватскиот првак се наоѓа во иста група од Лигата на Шампионите со македонскиот шампион Еурофарм Пелистер.

Се вчитува...