Екипата на Загреб на двојното гостување во Скопје, денеска против Металург во СЕХА и в сабота против Вардар во ЛШ, ќе настапи без десниот бек Лука Шебетиќ. Хрватскиот репрезентативец во дресот на Загреб се повредил на малку необичен начин. Според пишувањето на хрватските медиуми, Шебетиќ во понеделникот тренирал нормално, но во вторникот наутро се разбудил со неподносливи болки во коленото, а дијагнозата е оштетување на менискусот и ќе мора да оди на операција.
По повредата на Шебетиќ, тренерот Силвио Ивандија на десната бековска позиција на располагање ќе го има само уште Давид Миклавчиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА