Хрватскиот првак Вардар повторно беше активен на пазарот ангажирајќи уште еден нов ракометар, кој своевремено ги бранеше боите на Вардар. По Дибиров, Чупиќ и Куни Моралес, од денеска нов член на Загреб е и Патрик Валчак, полскиот репрезентативец кој ќе ја засили пивотменската позиција на хрватскиот ракометен гигант.
Валчак, кој во кариерата настапуваше за Гдањск, Погон, Киелце, Маси Есон, Либек, Вардар и Спортинг Лисабон, не го крие задоволството што повторно ќе добие шанса да заигра во Лигата на Шампионите.
„Пресреќен сум што добивам можност да заиграм за Загреб, клуб со богата историја. Имам играно со Чупиќ, со Тимур и со Моралес, тие сигурно ќе ми го олеснат процесот на адаптација во новата средина“, изјави Валчак по потписот на договорот со новиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

