Загреб прокоцка победа над ПИК Сегед

Хрватскиот шампион ППД Загреб имаше огромна можност за победа на гостувањето против ПИК Сегед во 6. коло од Лигата на шампионите, но прокоцка предност која ја имаше во текот на целиот натпревар за на крај пораз од 27-26.

А, хрватскиот тим паметно го играше првото полувреме, во неколку клучни моменти играјќи цврсто во одбраната за предност на паузата од 13-15.

Сепак, во вториот дел ПИК Сегед внесе сериозна неизвесност во мечот, па дојде и до израмнување (20-20) на 15 минути пред крајот на дуелот. Низ играта гол за гол, сепак на крајот посреќни беа домашните кои дојдоа до посакуваната победа.

Степанчиќ и Соарес со по четири постигнати гола беа најефикасни во победничкиот тим, кој сега се израмни бодовно на табелата со Загреб.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...