Загреб е првиот финалист во СЕХА-лигата откако во хрватската пресметка на фајналфор турнирот во Задар тимот предводен од поранешниот македонски селектор Ивица Обрван славеше над Нексе со резултат . Поранешните „вардарци“ Чупиќ и Дибиров го предводеа Загреб во овој триумф, па хрватскиот шампион сега во финалето го очекува победникот од дуелот меѓу Веспрем и Еурофарм Пелистер што на програмата е вечерва.
Дуелот беше израмнет само до 6-6, по што Загреб постигна пет гола во серија и успеа целосно да се одлепи и поведе со 11-6. Северец со гол од бековската позиција само за момент ја запре серијата на „сино-белите“, но избраниците на Обрван умешно го контролираа водството и на одмор заминаа со предност од 16-11. Загреб поведе и со осум гола предност во вториот дел (23-15), но штом Нексе се приближи на пет гола разлика веднаш беше побаран тајмаут. Победникот до крајот воопшто не беше доведен во прашање, па Загреб славеше со конечни и заслужено го обезбеди својот пласман во големото финале.
Чупиќ со седум гола и само едно промашување беше најефикасен во победничкиот тим, Дибиров го заврши натпреварот со шест погодоци, додека Јелиниќ, Северец и Мославац постигнаа по четири гола за Нексе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА