Загреб ремизираше со Висла Плоцк, сигурни победи на ПСЖ и Пик Сегед

Хрватскиот ракометен шампион ППД Загреб одигра реми 26-26 против полска Висла Плоцк во натпревар од 5. коло во А групата од новата сезона од Лигата на шампионите. Натпреварот беше во егал буквално сите 60 минути. Полјаците имаа еден позитива на пауза (14-15), па затоа ремито е најреален резултат.

Поранешниот ракометар на Вардар, Тимур Дибиров со шест гола беше прво име во таборот на „плинарите“, додека кај Полјаците со ист број на погодоци заврши Сердио Гунтин.

Пари Сен Жермен ја оправда фаворитската улога на гостувањето кај Динамо Букурешт триумфирајќи со 29-36. Французите уште на полувреме имаа плус шест (16-22) и до крајот само рутински го приведоа мечот. До лесен триумф стигна и Пик Сегед на домашен терен против Елверум 30-23. Како и „светците“ така и тимот од Сегедин со шест голови разлика на полувреме (16-10) ги реши многу брзо сите дилеми околу победникот.

РЕЗУЛТАТИ ЛШ 5. КОЛО:

Динамо Б. – ПСЖ 29-36

Пик Сегед – Елверум 30-23

ППД Загреб – Висла Плоцк 26-26


Standings provided by Sofascore


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...