Светскиот првак Германија претрпе неочекуван пораз на гостувањето против Австрија, на една од последните контроли во пресрет на СП 2018 во Русија. Мечот во Клагенфурт почна со задоцнување од околу 90 минути поради големото невреме во овој австриски град, а потоа Германците набрзина дојдоа до водство преку Месут Озил. Мануел Нојер го имаше својот камбек на голот на Германија на овој натпревар, но искусниот голман прими два гола во второто полувреме (Хинтерегер и Шопф), за прва победа на Австрија над соседната земја по пауза од 32 години.
Англија триумфираше со 2-1 над Нигерија, во дуелот на две селекции учеснички на претстојниот мундијал. „Гордиот албион“ победникот го реши уште во првото полувреме со головите на Кејхил и Кејн, за Нигерија на стартот од вториот дел да го убажи поразот преку Ивоби.
Белгија и Португалија одиграа без голови, 0-0, меч на кој актуелните европски шампиони повторно беа без помошта на својот најдобар фудбалер, Кристијано Роналдо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА