Загрижувачка изјава на легендарниот Касиљас: Едноставно повеќе не уживам во животот

Легендарниот шпански голман Икер Касиљас, кој важи за еден од најдобрите на сите времиња, минува низ најтешкиот период од својот живот. По ненадејниот срцев удар на тренинг во Порто, кој сурово му ја прекина кариерата, Икер се раздели од долгогодишната сопруга Сара Карбонеро.

Во своите последни јавни обраќања, Касиљас не ја крие својата ранливост, признавајќи дека моментално не е во добра психолошка состојба. Неговите зборови одекнаа во светската јавност како потсетник дека и најголемите шампиони се луѓе од крв и месо.

„Не спијам добро. Сакам да изгледам како да сум добро, но повеќе не уживам во животот. Слушам стари песни, но не можам повеќе да сонувам“, изјави Касиљас.

Се вчитува...