Загрижувачки вести од САД: Попович се онесвестил во ресторан, веднаш пренесен во болница

Загрижувачки информации доаѓаат од САД поврзани со здравствената состојба на Грег Попович откако легендарниот кошаркарски тренер се онесвестил во ресторан додека вечерал со пријатели.

Американските медиуми објавија и видео од амбулантно возило пред ресторанот, како го внесува Попович на носилка, по што тренерот на Сан Антонио беше пренесен во најблиската клиника.

За потсетување, Грег Попович во ноември минатата година имаше мозочен удар по што на неодредено ја напушти клупата на спарси.

Останува да се види во каква состојба се наоѓа извонредниот стратег по најновите здравствени проблеми, а медиумите информираат дека е позитивно што тој бил свесен и комуницирал со лекарите додека го внесувале во амбулантното возило.

Се вчитува...