Загубениот сет го разбуди Алкараз за пласман во 2. коло на УС Опен

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласираше во второто коло на УС Опен откако го совлада Австралиецот Ли Ту по сетови 6-2, 4-6, 6-3 и 6-1.

Алкараз го отвори мечот со два брејка и првиот дел од играта го доби без проблем со 6:2.

Сепак, во вториот сет, 186. тенисер на планетата прилично го измачи Алкараз. Прво спаси четири брејк топки пред Шпанецот да успее да ја претвори петтата во предност од 4:3, но Ту веднаш возврати, израмнувајќи на 4:4, а потоа во десеттиот гем, петтата брејк шанса ја претвори во 6:4, и израмни на 1:1 во сетови.

Тоа како да го разбуди Алкараз, кој во третиот сет од резултат 3:2 за Австралиецот врза четири гема и со 6:3 стигна до 2:1, за на ривалот да му дозволи само пет поени во четвртиот во првите пет гејма. Алкараз стгина до лесни 5:0, а потоа и трет меч поен, и прв на свој сервис, за конечни 3-1. 

Во следното коло оди и Диало од Канада кој го совлада Мунар од Шпанија, потоа Бергс од Белгија кој беше подобар од Котов. Во следното коло се пласираше и Австралиецот О’Конел победувајќи го Џари од Чиле, како и Белучи од Италија кој го победи Вавринка. Пол од САД беше подобар од Сонего од Италија, и се пласираше во втората рунда.

Во женскиот дел од турнирот, во следната рунда се пласираа Самсонова, Хадад Маиа, Боузкова, Путинцева, Паолини, Кенин и Пегула.

Се вчитува...