Загуби на Вимблдон, па одлучи поразот да го прослави со пиво на прес-конференција

Анастасија Павличенкова повеќе од една деценија е позната како тенисерка која излегува од строгите шаблони на ВТА турнејата.

Русинката е омилена меѓу колешките, бидејќи секогаш сака добро да се пошегува. Така беше и кога во четвртфиналето на Вимблдон по голема борба беше елиминирана од Аманда Анисимова.

Анастасија Павличенкова на редовната конференција дојде со шише пиво во раката. Пред да се обрати пред новинарите, таа испи една голтка од шишето, седна на масата и се насмевна на присутните.

Покрај тоа, таа на конференцијата дошла со капа што сама ја дизајнирала, скроила и сошила.

 

Се вчитува...