Не му оди најлесно, но Роџер Федерер и натаму е во игра на Австралија Опен. Се пласираше во четвртфиналето по победата од 3-1 во сетови над Унгарецот Мартон Фучович. Шесткартниот освојувач на титулата во Мелбурн го загуби првиот сет со 6-4, а потоа следните три ги доби со 6-1, 6-2 и со 6-2. Во четвртфинлето, Федерер ќе игра против Тенис Снагрен кој оствари осминафинален триумф над Фабио Фоњини од 3-1 во сетови.
Претходно беше формирана првата четвртфинална двојка во кој се Новак Ѓокови по победата над Диего Шварцман и Милош Раониќ кој го елиминираше Марин Чилиќ.
На женскиот дел од турнирот, пласман во четвртфиналето избори првата тенисерка на АТП листата, Ешли Барти. Таа забележа осминафинален тирумф од 2-1 во сетови над Алисон Риске и во следниот натпреварвуачки сегмент ќе се соочи со Петра Квитова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

