Загуби со 0-4 од Барселона, па ја запроси девојката пред трибина (видео)

Израел Гарсија раководеше со одбраната на Барбастро на куп-дуелот со Барселона што нисколигашот го загуби со убедливи 0-4, но тој се најде во фокусот на јавноста со потегот веднаш по завршувањето на натпреварот.

Имено, Израел Гарсија веднаш по натпреварот дојде пред трибината каде се наоѓаше неговата девојка, и помогна да слезе на теренот, а потоа тој клекна пред неа… вадејќи свршенички прстен.

Девојката беше шокирана, но собра сили да каже ДА, по што следеа овации од трибините од навивачите на Барбастро.

„Мислам дека денес беше вистинскиот ден за такво нешто. Играв со Барса, ден што ќе го паметам цел живот, па се решив и за просидба веднаш по натпреварот“, изјави Гарсија за шпанските медиуми по мечот.

Се вчитува...