Стратегот на Бенфика, Бруно Лаж не го криеше разочарувањето по поразот на неговиот тим од Барселона со 0-1, во меч во кој португалскиот гигант околу 70 минути имаше играч повеќе на теренот по црвениот картон на Кубарси.
Бенфика пропушти бројни шанси, а на спротивната страна една грешка на Антонио Коста и подарена топка на Рафиња придонесе Бразилецот да постигне гол од над 20 метри и да донесе голема победа на каталонскиот гигант.
„Ова беше навистина одличен фудбалски меч, вистинска штета е што не успеавме да постигнеме гол, со играта го заслуживме тоа. Антонио не е виновен за поразот, ако сме реални лесно можеше овој дуел да заврши 4-1 или 4-2, така што една грешка во одбраната не може да биде клучна и целосно да се потенцира“, истакна Лаж.
Тој се осврна и на ситуацијата од второто полувреме кога беше досуден пенал за Бенфика, за потоа одлуката да биде променета поради минимален офсајд на Белоти.

„Требаше да биде пенал и гол за израмнување, но на крајот загубивме затоа што ракавот на Белоти беше во офсајд. И тоа е дел од фудбалот“, прокоментира стратегот на Бенфика.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

