Вилфрид Заха и сезонава беше предводник на Кристал Палас, најзаслужен што лондонскиот клуб без многу проблеми го обезбеди опстанокот во Премиер-лигата. Крилниот офанзивец е амбициозен и не крие дека сака да направи чекор напред во кариерата, заминувајќи во клуб со многу поголеми амбиции од сегашниот.
„Среќен сум во овој клуб, каде покажувам одлични игри. Сепак, би лажел кога би рекол дека не сонувам да играм во поамбициозна екипа, со која би бил дел и од Лигата на шампионите“ – изјави Заха за британските медиуми.
Европскиот вицепрвак Тотенхем во јануари покажа интерес за овој фудбалер, но Покетино воопшто не испрати понуда откако Кристал Палас побара неверојатни 80 милиони фунти. Лондонскиот клуб се уште ја има истата проценка за вредноста на својот најдобар фудбалер, но нема тим во Европа што е подготвен да плати толкава сума за играч што еднаш веќе се посрамоти на „големата сцена“, откако беше посочен како големо трансфер-промашување во Манчестер Јунајтед.
Летово сериозен интерес за Заха покажува Арсенал, но и „топчиите“ како и „спарси“ немаат намера да платат над 50 милиони фунти за англискиот фудбалер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА