Захариевски го остави Ибраими на клупата, Струга ТЛ успешно парира на Шкупи во првите 45 минути на Чаир (ФОТО)

Шкупи и Струга ТЛ одиграа без голови во првите 45 минути на дерби-натпреварот од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Чаирчани со повеќе притисок кон голот на гостите, имаа и повеќе можности за погодок преку Дамфа и Хамиди, но сепак Ќосевски во неколку наврати одлично интервенираше не дозволувајќи водство на чаирчани.

Шефот на стручниот штаб на Струга ТЛ, Срѓан Захариевски, од тактички причини, се одлучи натпреварот да го почне без најдобриот стрелец во лигата Бесарт Ибраими, кој чека шанса во второто полувреме. На спротивната страна, Гоце Седлоски изведе максимално офанзивен состав кој засега не успева да го најде патот до мрежата од голот на стружани.

ПМФЛ – 11. КОЛО (прво полувреме)
Скопје: ШКУПИ – СТРУГА ТЛ 0-0
ВЧЕРА
Штип: БРЕГАЛНИЦА – СИЛЕКС 2-3
Ѓорѓиев 8′, Брегалница 23 – Масевски 5′, Манасиевски 63′, Ристовски 75′
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА 2-4
Максимов 6′, Јанакиевски 65′ – Шаља 23′, Стојановски 49′, 85′, Велија 75′
Прилеп: ПОБЕДА – АК. ПАНДЕВ 1-1
Рамани 75′ – Велиновски 59′
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – СКОПЈЕ 2-0
Самаке 19′, Вучичевиќ 75′

Се вчитува...