Захариевски: Многу квалитетен меч, за наши услови, во Струмица и заслужена победа!

Струга ТЛ има неверојатен старт на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига со шест победи од исто толку натпревари.

По денешната убедлива победа од 0-3 на гостувањето против Академија Пандев во Струмица и творецот на успесите на стружани, шефот на стручниот штаб, Срѓан Захариевски, не го криеше задоволството од игрите и резултатите на своите пулени.

„Еден многу квалитетен натпревар за наши услови, во кој и двете екипи ја посакуваа победата. Моите играчи играа многу ангажирано и успеаја да искористат дел од шансите и мислам дека заслужено победивме и на овој натпревар. Секако дека не се залетуваме, среќни сме со стартот на сезоната но продолжуваме максимално сериозно и понатаму” – истакна Захариевски по денешниот дуел во Струмица.

Се вчитува...