Тренерот на Воска Спорт, Срѓан Захариевски кажа дека Тиквеш заслужено го освоил пехарот на Купот.
Захариевски кажа дека неговите играчи потфрлиле целосно во првиот дел, и дека да можел на полувремето сите би ги сменил сите 11 играчи.
„Пред се би рекол онаа психолошка бариера што ја имавме. Работевме многу на тоа, четири дена пред финалето имавме коло кое ништо не ни значеше, не ги штедев играчите од оваа причина да не им се направи дополнителен притисок. Освен голманот Захов и капитенот Николиќ играа финале. Едноставно сакавме да ги ослободиме од тој психолошки притисок, но ова беше преголем залак за нас, особено во првото полувреме. Играчите доста потфрлија, сите 11 кои беа во првиот дел потфрлија. Примивме еден, па уште еден. Кога немаше што да се загуби, кога веќе беше 2-0, тогаш таа психолошка бариера не постоеше, Тиквеш беше подобриот тим и заслужено го освои пехарот. Не можев да ја препознаам екипата во првиот дел. На полувремето да можев ќе ги заменев сите 11 фудбалери“, изјави Захариевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА