Срѓан Захариевски се обидува да внесе нова победничка атмосфера во ФК Вардар, па така поранениот македонски репрезентативец јасно стави до знаење дека очекува неговиот тим да се бори за победа на секој натпревар.
„Вардарци“ ремизираа 1-1 на гостувањето против Гостивар, меч на кој долго време беа во резултатска негатива, но Захариевски јасно стави до знаење дека не може да се слави реми. Според него, клучно во наредниот период ќе биде да се крене самодовербата кај самите фудбалери.
„Најпрво, не знам дали да честитам за освоениот бод, јас кажав уште првиот ден кога дојдов, секој меч ќе одиме на победа. Тремата во првото полувреме и неквалитетниот пас ни направи доста проблеми, не можевме да изнесеме топка, но вториот дел го компензиравме со поголема борбеност. Вардар може повеќе и подобро. Кога играчите ќе сфатат дека можат да се натпреваруваат, ќе направиме повеќе. Да не заборавиме дека играчите немаат голема самодоверба. Кога ќе дојдат победите, Вардар ќе игра поквалитетно. Задоволни сме од бодот, против себе имавме квалитетен ривал. Гостивар има страшни неколку поединци, а измените им носат голема разлика. Фудбалот некогаш можеш да одиш чекор напред, па еден пораз те враќа назад. Ние ќе настојуваме да ги добиваме натпреварите, уште од првиот ден најавив дека екипата ќе се бори. Ќе играме агресивно, но ни треба и некое време да минеме заедно. Се надевам дека ќе играме подобро на следните мечеви“, истакна Захариевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА