Струга Трим Лум на најдобар можен начин со позитивен резултат го заокружи своето европско деби во историјата на клубот. Стружани на првиот натпревар од стартното квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига ремизираа (1-1) на гостувањето против Лиепаја во Летонија.
Тимот на Срѓан Захариевски до конечните 1-1, кои носат огромен плус на патот кон второто коло пред реваншот во Скопје, стигнаа со голот на Бесир Исени во 93. минута од средбата.
Захариевски по дуелот истакна дека резултатот е крајно реален, а израмнувањето можело да следи и многу порано.
„Беше тоа навистина тежок натпревар. Знаевме дека ќе одлучуваат нијанси на дуелот, и согласно прикажаното на теренот на крајот може да заклучиме дека резултатот е реален. Но, мора да нагласиме и дека ништо не е завршено, па на реваншот ќе мора да сме уште подобри ако сакаме да го продолжиме европското лето“ – истакна Захариевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА