Захариевски: Со новите засилувања се зголемуваат нашите амбиции во новата сезона

Шефот на стручниот штаб на Струга ТЛ, Срѓан Захариевски искажува задоволство од реализираните подготовки на неговиот тим пред стартот на новата сезона.

Захариевски вели дека новите засилувања ги зголемуваат амбициите на клубот во новата сезона.

„Подготовките поминаа во најдобар ред. Играчите ги одработија тренинзите максимално, посветено и ангажирано за што впрочем и се платени. Новите играчи полека се вклопуват во системот и задачите што се бараат од нив и таа свежа крв што ни беше неопходна во клубот ни ги зголемува амбициите, па се надеваме на подобри резултати од минататa сезона” – истакнува стратегот на стружани.

Денеска Струга ТЛ на домашен терен го пречекува повратникот во прволигашкото друштво, екипата на прилепска Победа.

„Што се однесува до денешниот натпревар, посакувам новата сезона да ја почнеме со победа, која ќе ни го отвори патот до остварување на нашите цели” – вели Захариевски.

ПМФЛ – 1. КОЛО (денеска, 17:30 ч.)
Струга: СТРУГА ТЛ – ПОБЕДА
УТРЕ (17:30 ч.)
Струмица: АК. ПАНДЕВ – БРЕГАЛНИЦА
Кратово: СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ
Тетово: ШКЕНДИЈА – СКОПЈЕ (17. август, 17 ч.)
Кавадарци: ТИКВЕШ – ШКУПИ (7. септември, 16 ч.)
МАКЕДОНИЈА ЃП – слободна

Се вчитува...