Екипата на Пелистер денеска го одржа првиот тренинг во новата 2025 година, со што беше означен стартот на подготовките за пролетната полусезона, под водство на новиот тренер Срѓан Захариевски.
Поранешниот стратег на Вардар неодамна потпиша со „пелистерци“ доаѓајќи на местото на Влатко Костов, а првична цел на Пелистер ќе биде да се избори опстанок во елитното друштво, за веќе во следната сезона битолскиот прволигаш да се вклучи и во борбата за висок пласман.
„Пелистерци“ подготовките ги стартуваа во својата Битола, по што кон крајот на јануари ќе заминат за Охрид, каде е планирано да одиграат и неколку контролни средби.
Захариевски е во исчекување и на нови засилувања за играчкиот кадар, чие доаѓање се очекува во следните денови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА