Захов потпишува за новиот прволигаш Беса!?

Повремениот македонски репрезентативен голман Костадин Захов е можно прво големо засилување за новиот домашен прволигаш, екипата на Беса од Добридол.

Раководството на Беса го посакува искусниот Захов на својот гол за првата своја сезона во елитното друштво во Македонија.

Захов изминатава сезона одлично го бранеше голот на Воска Спорт, каде престигна од редовите на Шкендија на почетокот од годинава. Беше дел од „црвено-црните“ од Тетово од 2016 година. Претходно во својата кариера има настапи и за Брегалница Штип, Беласица, Вардар и Хоризонт Турново.

Како нови засилувања на Беса веќе се најавуваат и фудбалерите кои го напуштија шампионот Струга ТЛ, Меџит Незири и Едис Малиќи.

Се вчитува...