Заире Емери го урна рекордот на Бензема

Ворен Заире-Емери продолжува да импресионира со извонредни настапи во дресот на ПСЖ, откако францускиот тинејџер го постигна клучниот погодок во Дортмунд со кој „светците“ останаа на второто место во групата и се пласираа во нокаут фазата од Лигата на Шампионите.

Со овој погодок суперталентираниот играч за врска го урна рекордот на Карим Бензема, кој досега важеше за најмлад француски стрелец на натпревар од Лигата на Шампионите. Бензема својот прв гол го постигна во декември 2005 година, на возраст од 17 години и 352 дена, додека Заире Емери стигна до својот прв погодок во ЛШ на возраст од 17 години и 280 дена.

Само за споредба, Килијан Мбапе својот прв гол во ЛШ го постигна во февруари 2017, кога имаше 18 години и 63 дена.

Се вчитува...