Олимпискиот комитет на Македонија успешно го организираше првиот вебинар на тема Спортска дипломатија! На сесијата присуствуваа претставници од Олимписките комитети на Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово, што претставува значаен чекор кон продлабочување на регионалната соработка преку спорт.
Вебинарот беше предводен од д-р Џон Сајмон Роуф, истакнат научник и водечки експерт во областа на спортската дипломатија, кој сподели исклучително значајни перспективи што ќе го насочат развојот на следните активности во рамки на проектот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

