Зајдлер: Ќе беше незгодно ако Вардар веднаш израмнеше на 1-1…

ЕКИПА во Лозана
Горан Бошев

Петер Зајдлер, тренерот на Лозана го коментираше натпреварот со Вардар, кој неговиот тим го доби со убедливи 5-0, и го продолжи патот во Лигата на Конференции.

Тој го пофали тимот на Вардар, и рече дека ќе било многу незгодно ако веднаш бил израмнет резултатот, мислејќи на шансата на Мато.

„Постигнавме први гол, но ако Вардар погодеше, ќе беше многу опасно. Очекував реакција од Вардар во вториот дел, но немаше такво нешто. После четвртиот гол игравме уште полесно, и веќе знаевме дека сме блиску до нашата цел. Вардар е добра екипа, не загубија поради тоа што се лоша екипа. Но, ние не се плашиме од никого. Предноста за нас е дома што играме на вештачка трева“, изјави Зајдлер.

Се вчитува...