ЕКИПА во Лозана
Горан Бошев
Вардар има добри шанси да се пласираат во третото квалификациско коло во Лигата на Конференции. Вечерва против Лозана ќе ја бранат предноста од 2-1 стекната на првиот меч во Скопје.
Тренерот на швајцарскиот тим, Петер Зајдлер ги истакна своите очекувања од мечот. Рече дека сега предноста е на страната на својот тим поради вештачката трева и поради домашниот терен. Искажа дека нема да се залетува и дека нема да го нападне Вардар од почетокот.
„Заостануваме еден гол од противникот, но нема да го нападнеме Вардар од првата минута. Имаме офанзивен стил на игра, меѓутоа мораме да внимаваме и на одбраната. Вардар е опасен од противнапади. Во Скопје тоа го покажаа. Искрено, не бев изненаден од нивната офанзивна игра. Ние не најдовме начин да бидеме опасни. Иако имаат водство, мислам дека нема да се бранат. Мислам дека имаме исти шанси со Вардар, и покрај нивната предност. Шансите според мене се 50-50. Продолженија? Можно е, се е можно. На последниот меч покажавме карактер и се вративме од негатива. Дефинитивно можеме да очекуваме продолжение и подготвени сме на сите сценарија“, рече Зајдлер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

