ЕКИПА во Малта,
Горан Бошев
Ѓоко Зајков одлично си го заврши својот дел од задача на дуелот против Италија во и тоа како значајниот натпревар за враќање на атмосферата во репрезентацијата по скептицизимот кој завладеа по јунскиот собир.
Но, ремито со Италија брзо треба да се заборави затоа што Македонија веќе е во Малта каде утре ја чека нов натпревар со далеку поголем притисок затоа што е јасно дека мора да се добие. Свесен за тоа е и Зајков, како и сите во националниот табори, кои знаат дека сега следи можеби и потешкиот дел од задачата за овој септемвриски собир.
„Мора да останеме на земја, и Италија да ја оставиме зад нас, затоа што не чека пресметката со Малта која воопшто не е наивен противник и мора да одиграме навистина одговорно. Во денешниот фудбал не постојат аутсајдери, тоа може само на хартија. Малта е сериозна селекција, иако јасно е дека желбата наша е за победа, но сето тоа мора да се одработи на терен. Малта досега покажа дека е незгоден противник на сите натпревари во групата“ – вели Зајков, осврнувајќи се и на средбата со Италија во Скопје.
„Тоа беше навистина еден убав натпревар со резултат кој навистина многу ни значи по она што се случи во Англија. Самодовербата повторно е вратена на високо ниво, атмосферата во тимот е одлична и сето тоа треба да се искористи за победа во Малта“.
Натпреварот меѓу Малта и Македонија во рамките на ГрупатаЦ од квалификациите за ЕП 2024 се игра националниот стадион на Малта во Та Кали со почеток од 20:45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА