Зајков: Против Бугарија за чест, гордост и радост на македонските навивачи

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Грузија со 2-0 во натпревар од 5. коло во новата сезона од Лигата на нации.

Со овој пораз „црвено-жолтите“ ги загубија шансите за пласман на ЕВРО 2024 година преку ова натпреварување, па карта за Германија ќе треба да бараат преку квалификациите.

Дефанзивецот, Ѓоко Зајков смета дека единствено нешто што и недостига на Македонија е малку среќа.

„Според мене незаслужен пораз бидејќи доминиравме на терен. Сепак, тие ги искористија своите шанси и тоа е фудбалот. Штета што не ги реализиравме нашите шанси, но со кренати глави одиме на дуел со Бугарија во Скопје. Мислам дека нема да биде проблем психологијата на тој меч. Иако не се важни трите бода, тоа ќе биде посебен натпревар за чест и гордост и наша цел е сите навивачи да ги направиме среќни. Сите фудбалери имаат квалитет и без разлика дали некој е повреден или не, ние даваме максимум на секој меч. Морам да кажам дека ни недостасува само мала среќа на натпреварите“, изјави Зајков. 

Македонија последниот меч во Лигата на нации го игра во понеделник на домашен терен против Бугарија.

Се вчитува...