Македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков го одигра првиот натпревар сезонава во дресот на белгискиот Шарлерој.
Зајков се најде во почетната постава на Шарлерој за натпреварот од Купот на Белгија на кој неговиот тим славеше убедливо со 4-0 против Ла Лувие.
Шарлерој игра одлично на почетокот од сезоната во белгискиот шампионат, по седум кола заедно со Бриж издвојувајќи се на врвот од табелата.
Зајков се очекува да биде на списокот на Игор Ангеловски за престојниот нов репрезентативен собир, и октомвриските квалификациски дуели против Италија во Торино и против Лихтенштајн во Струмица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА