Ѕвездата на Њу Орлеанс Пеликанс, Зајон Вилијамсон, се соочува со сериозни обвинувања за силување и „сексуална, физичка, емоционална и финансиска“ злоупотреба, според тужбата поднесена во Врховниот суд во Лос Анџелес.
Тужбата беше поднесена од жена со псевдонимот „Џејн До“, тврдејќи дека била во врска со Вилијамсон од 2018 до 2023 година, почнувајќи од неговата прва година на Универзитетот Дјук. Во документот од 12 страници, до кој дојде „ESPN“, се наведува дека во тој период Вилијамсон покажал модел на навредливо, контролирачко и заканувачки однесување.
Во тужбата, меѓу другото, се наведува дека преку вооружен телохранител и се заканувал дека ќе ја застрела неколку пати во периодот од 2020 до 2023 година и дека им се заканувал и на нејзините родители. Исто така, се наведува дека ја следел нејзината локација, ги следел нејзините контакти, постојано и се јавувал и испраќал пријатели да ја следат. Наводно, неколку пати без дозвола влегувал во нејзиниот стан и ги прегледувал нејзините лични работи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

