Баерн Минхен во моментов го игра големото дерби против Борусија Дортмунд на својата „Алијанц Арена“, но медиумите кои се поврзуваат со таканаречаната исламска држава, испратија закана кон Баерн Минхен и кон Германија како организатор на идното Европско првенство.
Шарх ал-Калифах, медиум кој се поврзува со ИСИЛ, објави фотографија со мета на навивачите пред стадионот во Минхен.
Целата работа предизвикала „аларм“ во германските власти, но брзо и кај навивачите. Реагирала и полицијата.
„Челниците интензивно ја проценија ситуацијата. Во моментов нема знаци на опасност. Сепак, присуството на полицијата за време на натпреварот е засилено. Околу 100 итни сили ќе треба да бидат редовно на теренот, а тоа ќе биде засилено и со дополнителни офицери“, стои во соопштението на германската полиција.
A spokesman of the Munich police told @tonline that they were aware of the images: ‘The officials intensively evaluated the posts and assessed the situation. There are currently no indications of an acute danger situation. Nevertheless, police attendance at the game this evening… https://t.co/JLeEDCCzOL
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) March 30, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА