Италија како второпласирана од групата „Б“ се пласираше во осминафиналето од Европското првенство во Германија откако во супердраматичен натпревар успеа да стигне до реми против Хрватска со гол во 98. минута од средбата.
Херојот на Италијанците беше Матија Закањи кој во судиското продолжение стрелаше од шестнаестникот за умешен гол и големо славје на Италијанците.
Rumoured Liverpool target Calafiori with an assist for Italy tonight 🇮🇹
— The Anfield Wrap (@TheAnfieldWrap) June 24, 2024
Претходно водство за Хрватска донесе Лука Модриќ кој минута по промашениот пенал се најде во вистинско време на вистинското место и од петерецот го совлада Донарума.
The entire 1 minute 50 seconds between Modric missing his penalty to celebrating his goal.pic.twitter.com/QMnPMUh9p5
— Managing Madrid (@managingmadrid) June 24, 2024
Шпанија пак се пласира во нокаут-фазата од првата позиција на табелата со третата победа во групната фаза. Феран Торес беше оној кој донесе шпанска победа против Албанија со гол во 13. минута. Овој пораз значи и елиминација на Албанија, додека Хрватска ќе стравува за место во следната разигрувањето за трофејот до крајот на групната фаза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА