Претседателот на Палермо, Маурицио Зампарини, има големи проблеми со фановите на клубот, кои бараат да се повлече од раководната функција. Најжестоките навивачи, околу 300 „ултраси“, денеска пристигнаа во базата на тимот, барајќи да се пресметаат токму со Зампарини.
Според италијанските медиуми, не биле поштедени ниту фудбалерите, кои во тие моменти пристигнувале на својот прв тренинг по враќањето во базата на Палермо. Нема информации дека непоријатности имале токму Илија Несторовски и Александар Трајковски, туку новите засилувања. Ситуацијата била расчистена откако интервенирала полицијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА