ЕКИПА во Вараждин,
Стеван Цаневски
Македонските фанови ќе бидат апсолутно мнозинство на вечерашниот дуел со Унгарија на трибините во салата во Вараждин, но организаторите продолжија со бламажата околу толкувањето на правилта за внесување на знамиња и спортски реквизити во арената.
Така, ИХФ заедно со организацискиот одбор уште пред неколку дена најави забрана за влез на знамиња со поголеми димензии, како и знамиња кои би можеле да се толкуваат како политичка содржина.
Денеска бевме сведоци на одземање на неколку македонски знамиња на влезот од арената, кои потоа беа оставени на столче до самиот влез, па нашите фанови нема да можат да ги развеат на трибините во арената во Вараждин.
Апсолутно непотребно, ако се знае позитивната атмосфера што „фалангата“ ја создава на сите големи натпреварувања на кои доаѓа да ги бодри ракометарите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА