Фановите на Евертон уште еднаш му порачаа на Рафа Бенитез дека не го сакаат на клупата на клубот од „Гудисон Парк“. Иако се вели дека е прашање на време кога Евертон официјално ќе го назначи шпанскиот стручњак за свој нов менаџер, фановите потсетуваат дека доколку дојде до потпишување на договор, тогаш Рафа ќе помине со тешки последици.
Во последниве денови, навивачите јасно му порачаа на поранешниот менаџер на Ливерпул дека не го сакаат во нивниот клуб, и оставија транспарент во близина на неговата куќа, а преку кој упатија страотна зкаана по неговиот живот.
„Знаеме каде живееш. Не потпишувај“, стои во натписот од навивачите.
Бенитез го водеше Ливерпул шест години, па со воој клуб, меѓу другото, ја освои Лигата на шампионите во славното финале во 2005 година во Истанбул. Во меѓувреме тој беше предводник и на Челси, Њукасл, Интер од Милано, Наполи, Реал Мадрид и Далиан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА