Тајсон Фјури обелодени дека конечно е договорен датумот за неговата нова пресметка со Деонте Вајлдер, со кого британскиот боксер ќе влезе во рингот на 22 февруари 2020 година, во Лас Вегас. Фјури ја обелодени оваа информација за време на гостувањето на американската телевизија ЕСПН, порачувајќи дека борбата со Вајлдер нема да ги наруши претходно договорените пресметки на двајцата боксери.
Тој на 14 септември во Лас Вегас ќе се сретне со шведскиот анонимус Ото Валин, додека Вајлдер за ривал во ноември ќе го има Луис Ортиз.
Само за потсетување, Фјури и Вајлдер имаа фантастична пресметка во декември, што заврши без победник, што значеше дека Вајлдер ќе ги задржи шампионските појаси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА