Интер Мајами потврди дека ќе учествува на егзибициски турнир во Ријад, и израдува милиони љубители на фудбалот во светот, бидејќи повторно еден против друг ќе играат најголемите фудбалски ѕвезди Лионел Меси и Кристијано Роналдо.
Мечот е закажан за 1. февруари следната година, а како дел од турнирот ќе биде и ал Хилал со кого Интер Мајами ќе игра на 29. јануари.
Последниот меѓусебен дуел на Роналдо и Меси беше во јануари годинава, кога во пријателски меч Кристијано играше за комбиниран ол-стар тим од најдобрите играчи од првенството во Саудиска Арабија против Пари Сен Жермен за кој тогаш играше Меси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА