Комеморацијата во чест на Коби и Џана Брајант ќе биде одржана на 24. февруари во „Стејплс центарот“. Датумот е симболично избран бидејќи ги има бројките на дресовите на Брајант и неговата ќерка.
Проблем е што влезот во „Стејплс центарот“ ќе биде ограничен, но секој што ќе сака да му оддаде почит на еден од најголемите кошаркари на сите времиња ќе може тоа да го направи пред легендарната арена. Информацијата за почетокот на комеморацијата ќе биде дополнително објавена.
Memorial for Kobe Bryant set for Feb. 24th at Staples Center. https://t.co/BfWkrE7W1J
— 1059WGWEFM (@wgwefm) February 7, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

