Закон си е закон: Хамбургер бараше специјална дозвола за малолетник да игра навечер!

Јан Фиете Арп е новото „чудо од дете“ во германскиот шампионат, откако 17-годишниот фудбалер на Хамбургер веќе постигна два погодоци во Бундес-лигата и се почесто атакува на место во првиот тим на клубот од Хамбург.

Тој е сериозна опција за тренерот Маркус Гисдол кога станува збор за попладневните натпревари, но кога станува збор за вечерните средби тогаш Арп не смее да игра без специјална државна дозвола. Причина – Законот за заштита на вработување на млади лица, со кој Германците им забрануваат на работодавците малолетни лица да работат во периодот од 20 часот навечер до 6 часот изутрина.

Хамбургер утре го игра својот дуел против Фрајбург, па клубот од Хамбург мораше да поднесе барање за специјална дозвола, за Арп да му биде на располагање на стручниот штаб.

„Законите се еднакви за сите и ние си ја следевме процедурата. Ја добивме неопходната дозвола и Арп ќе може да настапи“ – коментираат од раководството на Хамбургер.

Hamburg’s Jann-Fiete Arp (17) has obtained a special permit to play tomorrow night, vs SC Freiburg. Germany’s Youth Employment Protection Act stops people under 18 working between 8pm and 6am.

Се вчитува...