Залевски е четвртиот италијански фудбалер обвинет за обложување

Фудбалерот на Рома, Никола Залевски е четвртиот фудбалер од Серија А, против кого се отвора истрага дека учествувал во обложување. Имено, полскиот репрезентативец кој е роден во Италија, се обложил на самиот себе дека ќе добие жолт картон во првенствениот натпревар против Салернитана.

Залевски добил жолт картон на овој меч, а иронијата да биде уште поголема тоа се случило во 94. минута од натпреварот меѓу Рома и Салернитана.

Играчот од средниот ред на Јувентус, Николо Фаџоли, прв беше обвинет за незаконско обложување, а тој го призна делото откако разговараше со истражителите во Торино, предавајќи го својот телефон на полицијата.

Сандро Тонали и Николо Заниоло беа следните двајца играчи кои беа вмешани во скандалот. Полицијата синоќа ги испрашуваше и двајцата играчи се повлекоа од селекцијата на Италија пред квалификацискиот натпревар за ЕП 2024 против Малта.

Се вчитува...