Кошаркарите на Лос Анџелес клиперс успеаја да израмнат на 1-1 во четвртфиналната серија во Западната конференција во НБА против Денвер нагетс.
Kлубот од Калифорнија во неверојатно интересен натпревар успеа да слави на гостувањето во Колорадо со 102-105.
Кај победникот неверојатен беше Кавај Ленард кој натпреварот го заврши со 39 поени, додека кај поразените недоволен беше трипл-даблот на Никола Јокиќ (26п, 12с. и 10а).
До брејк стигна и Детриот пистонс кој славеше против Њујорк никс со 94-100. Чед Канингам со 33 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените 37 поени уфрли Џејлен Брансон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА