Кошаркарите на Денвер нагетс забележаа изненадувачки пораз на домашен терен од Далас маверикс со 121-131 во еден од најинтересните натпревари изминатата ноќ во НБА лигата.
Ентони Дејвис беше прв поединец во таборот на победникот завршувајќи го мечот со 32 поени. Кај поразените недоволен беше трипл-дабл учинокот на Никола Јокиќ кој мечот го заврши со 29 поени, 20 скока и 13 асистенции.
Феникс санс ја прекина серијата од 7 победи на Лос Анџелес лејкерс откако синоќа славеше во Стејплс со 108-125. Дилон Брукс со 33 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените недоволни беа 38 поени на Лука Дончиќ.
Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Детроит – Атланта 99-98, Индијана – Кливленд 119-135, Вашингтон – Милвоки 129-126, Бруклин – Шарлот 116-103, Мајами – ЛА клиперс 140-123, Орландо – Чикаго 125-120 и Јута – Хјустон 133-125.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

