Залудни 41 поен на Лука Дончиќ – Лејкерси загубија во последната секунда (ВИДЕО)

Кошаркарите на ЛА Лејкерс доживеаја уште еден пораз, овој пат од Феникс, во еден од синоќешните натпревари во НБА лигата.

Болен пораз за Лејкерси, со тројка на Ројс О’Нил во последната секунда за победа на Феникс од 113-110.

Со тоа залуден беше извонредниот настап на Лука Дончиќ кој мечот го заврши со 41 поен, осум скока и осум асистенции. Но, остана неподдржан од останатите соиграчи, најпрво Леброн Џејмс кој имаше само скромни 15 поени.

Грејсон Ален беше најдобар на спротивната страна со 28 поени, а кај победниците О’Нил имаше 13 поени, но и клучната тројка во последната секунда.


РЕЗУЛТАТИ – НБА

Орландо – Хјустон 108-113
Чикаго – Портланд 112-121
Далас – Сакраменто 121-130
Феникс – ЛА Лејкерс 113-110
Јута – Њу Орлеанс 118-129
ЛА Клиперс – Минесота 88-94
Индијана – Шарлот 109-133
Филаделфија – Мајами 124-117
Атланта – Вашингтон 126-96
Бруклин – Сан Антонио 110-126

Се вчитува...