Залудни молбите од навивачите: Касемиро дефинитивно го напушта Јунајтед

Манчестер Јунајтед нема намера да ја промени својата одлука да не го продолжи договорот на Касемиро на крајот од сезоната, и покрај неговите добри настапи во последно време, објавија британските медиуми.

Бразилскиот фудбалер во јануари објави дека ќе го напушти клубот на крајот од договорот вреден околу 350.000 фунти неделно, што ќе го направи слободен агент на лето.

Иако имаше неколку значајни настапи оваа сезона, челниците на клубот одлучија да не му понудат нов договор на поранешниот играч од средниот ред на Реал Мадрид, објавува Би-Би-Си.

Се вчитува...