Атлетико Мадрид со гол од пенал триумфираше против Леванте минимално со 1-0 во 19. коло од Ла Лига.
Творец на победата на „јорганџиите“ беше Антоан Гризман со гол од пенал во 57. минута од натпреварот…
Македонскиот репрезентативец Енис Барди имаше две одлични можности во второто полувреме но не успеа да донесе бод за својот тим. Најпрво во 70. минута неговиот шут од околу 12 метри заврши за малку непрецизно, а потоа во 81. минута домашната одбрана го блокираше неговиот обид од непосредна близина.
Атлетико Мадрид по оваа победа со 38 бода се доближи на само два бода од водечката Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА