Залудно фрлени милиони: Роналдо ги загуби нервите, а му (из)бега и титулата во С.Арабија (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо по само неколку месеци не ги оправдува големите пари вложени во него од страна на Ал Наср, со оглед дека титулата во Саудиска Арабија најверојатно е веќе загубена со вечерашниот пораз од Ал Хилал.

Португалецот беше најсилен адут за добар резултат, но нивните планови ги расипа Игало кој со два гола од пенали успеа да донесе триумф за Ал Хилал, и така да му даде шанса на водечкиот Ал-Итихад да избега на шест бодови (сега има три и натпревар помалку). Дека Роналдо беше фрустриран, покажува снимка на која се гледа како со боречки зафат запира противнички играч. На полувремето на патот кон соблекувалната, снимен како шутира шише со вода, што покажува дека дефинтивно ги загуби нервите на овој меч.

Ал Наср фрли многу пари за ангажман на Роналдо. За една сезона тој треба да заработи 200 милиони евра, Во овие четири месеци тој ќе заработи повеќе од 60 милиони евра, што е премногу за тим кој веројатно ќе ја загуби титулата во Саудиска Арабија.

Се вчитува...