Залудно историскиот трипл-дабл на Јокиќ, Денвер загуби од Кливленд

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ го забележа 139. трипл-дабл во кариерата со 27 поени, 20 скока и 11 асистенции во поразот на Денвер од Кливленд  со 126:114.

Единствениот пат кога Нагетс имаа водство беше во воведните минути, а на домаќините им се заканија и на крајот од првото полувреме, заостанување до еден поен. За ова придонесе и одличниот шут на Кавс кои реализираа 22 тројки.
Никола Јокиќ го оствари 139. трипл-дабл во кариерата со 27 поени, 20 скока и 11 асистенции, со што стана трет на вечната листа, над Меџик Џонсон.
На вечната листа по остварен трипл-дабл, напредуваше и Лука Дончиќ кој постигна 21 поен, имаше 10 скока и 10 асистенции во победата на својот Далас над најслабиот тим во НБА Вашингтон со 137-101. Визардси брзо се „предадоа“, а во еден миг разликата изнесуваше 42 поени.
Словенецот со тоа се изедначи со Вилт Чембрлен и со Џејмс Харден, постигнувајќи го својот 78. трипл дабл.

НБА, РЕЗУЛТАТИ

Кливленд – Денвер 128:114
Вашингтон – Далас 101:137
Њујорк – Шарлот 125:101
Торонто – Оклахома 92:129
Мемфис – Сакраменто 115:110
Њу Орлеанс- Феникс 126:124
Сан Антонио – Чикаго 124:139
Голден Стејт- Хјустон 99:93

Се вчитува...