Залудно најдобрата партија на Јокиќ сезонава, продолжува кризата на Денвер

Кошаркарите на Хјустон беа подобри од Денвер со 105-86. Нагетси не успеаја да ја искористат одличната партија на Никола Јокиќ, кој имаше најефикасен натпревар сезонава, постигнувајќи 38 поени, а покрај тоа запиша и 19 скока и осум асистенции.

Денвер е во длабока криза, со оглед дека на последните седум меча претрпе дури пет порази. Ова, воедно беше вториот со највисока раззлика, после дебаклот против Минесота.

Најефикасно ноќеска во НБА беше на средбата Милвоки – Вашингтон, на која домашниот тим славеше победа од 131-128. Целиот меч беше резултатска „нишалка“, а во финишот Милвоки успеа да стигне до предност од шест разлика, иако Вашингтон намали, сепак, победата остана за домашниот тим.

Голден Стејт на крилата на Стеф Кари, го освлада Сан Антонио. Кари на крајот постигна 35 поени, и беш епредводник на својот тим во триумфот.

Резултати:
Њујорк – Мајами 100:98
Торонто – Чикаго 121:108
Хјустон – Денвер 105:86
Индијана – Детроит 136:113
Милвоки – Вашингтон 131:128
Минесота – Сакраменто 111:124
Голден Стејт – Сан Антонио 118-112
ЛА Клиперс – Њу Орлеанс 106-116

Се вчитува...